Манчестер сити забележа убедлива победа против Вест хем – 4:1, на пријателскиот натпревар одржан во Кина.
Екипата на Пеп Гвардиола успеа да направи пресврт на натпреварот по примениот гол од пенал кој успешно го изведе Марк Нобл.
Така, Давид Силва во 33 минута прв постигна за израмнувања на 1:1, а две минути подоцна за 2:1 од пенал но овој пат за „граѓаните“ беше прецизен Нмеча. Третиот гол за тимот од Манчестер во 59 минута го постигна Стерлинг, кој исто така го запиша и последниот четврти гол на натпреварот, за конечен резултат од 4:1.
Инаку, Сити и Вест хем се наоѓаат во Кина, каде што учествуваат на турнир на англиски клубови од пријателски карактер.