Капитенот на репрезентацијата на Нигерија Џон Оби Микел се збогува од натамошните настапи за репрезентацијата.

Поранешната ѕвезда на лондонски Челзи одлучи да се збогува од националниот тим еден ден откако Нигерија го освои третото место на Африканскиот куп на нациите.

– Дојде моментот за збогување. Дојде крајот на мојот пат во репрезентацијата и дојдено е време за младите играчи, порача 32 годишниот капитен.

Инаку, Оби Микел фудбалската кариера ќе ја продолжи во Турција, каде што потпишал двогодишен договор на почетокот на јули со Трабзонспор.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2019 21:42