ФК Шкупи вечерва во Скопје не успеа да се прослави со пласман во следното коло од натпреварите на Лига Европа, откако беше поразена од Пјуник со резулта 1-2.

Домаќините не успеаја да одржат барем нерешен резултат без голови за да продолжат понатаму, бидејќи на првиот натпревар пред една недела во Ереван одиграа нерешено 3:3.

Плановите на екипата од Чаир ги расипа Едигарјан кој речиси на стартот на натпреварот, односно во 7 минута постигна прекрансен гол од над 30 метри. Но, тоа не беше единствениот гол во првиот дел бидејќи во 30 минута уследи уште еден ладен туш, по голот на Миранјан, така што првото полувреме заврши 0:2 за гостите од Ерменија.

Во второто полувреме, надежите на Чаирчани им ги врати Јурина во 80 минута, но до крајот на натпреварот остана малку време кое гостите го користеа вешто за одржување на предноста која ги однесе на следната рунда на европското натпреварување.

Вреди да се истакне, дека македонската екипа последните 5 минути ги играше со еден играч помалку, по исклучувањето на Жуниор.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2019 09:54