Тимот на Борусија Дортмунд го победи Ливерпул со 3:2 во првиот меч на црвените од нивната предсезонска турнеја, одигран на стадионот „Нотр Дам“ во Саут Бенд, Индијана. Ливерпул беше без голем дел од главните фудбалери, вклучувајќи Роберто Фирмино и Алисон кои до неодамна беа ангажирани на Копа Америка, како и Садио Мане и Мохамед Салах кои зедоа учество во Купот на африканските нации.
Играчите на Борусија ги казнија дефанзивните грешки на неискусниот тим, на кој менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се обложи против неговиот поранешен тим. Во третата минута напаѓачот на Дортмунд, Пако Алкасер го отвори резултатот, но во 35-тата минута Хари Вилсон израмни. Во вториот дел во рамките на пет минути германскиот тим стигна до нови два гола, дело на Томас Дилејни и Јакоб Брун Ларсен, а 15 минути пред крајот Рајан Брустер ги оформи конечните 2:3 од пенал.
„Натпреварот беше тежок за двата тима. Видев многу добри работи и добри индивидуални перформанси, но очигледно ова не е доволно. Ние сме многу далеку од нивото, на кое треба да бидеме, рече Клоп по мечот.