Агентот на Герет Бејл се навреди од изјавата на Зинедин Зидан, по контролната на Реал Мадрид против Баерн, изгубена од Шпанците со 1:3. Францускиот тренер изјави дека се недева дека Бејл ќе замине наскоро, откако тоа е најдобро за сите.

Велшанецот има договор со Реал до 2022 година и сѐ уште нема заинтересирани за неговиот потпис. Агентот на Бејл, Џонатан Барнет, ја коментираше ситуацијата пред „ЕСПН“.

– Срамно е Зидан да зборува на овој начин на некој што му даде толку многу на Реал, и ако Гарет замине, ќе биде затоа што е во негов интерес, а тоа нема да биде затоа што тоа го сака Зидан, рече Барнет.

Бејл ја освои Лигата на шампионите четири пати со Реал, а минатата година постигна фантастичен гол во финалето против Ливерпул. Тој играше во 42 натпревари минатата сезона, а 21 од нив во лигата. Со белиот дрес, Герет го освои шпанското првенство, Шпанскиот Куп, Супер Купот на Шпанија и трипати Супер Купот на Европа и Светскиот Клубски Шампионат.

Агентот на Бејл изјави дека нема ништо конкретно во однос на понудите за неговиот клиент. Претходно ова лето, Барнет коментираше дека Велшанецот бил подготвен да води битка со Зидан за неговото место во Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2019 14:13