Големата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, ја одобрил идејата за привлекување на Нејмар од Пари Сен Жермен, објави шпанската верзија „Мундо Депортиво“.

Според публикацијата, двајцата во последно време одржуваат добри односи, благодарение на нивното учество во заеднички рекламни кампањи.

Роналдо е на мислење дека може добро да се усогласи на терен со Нејмар и доаѓањето на 27-годишниот играч ќе ги направи „бјанконерите“ поконкурентен тим во Лигата на шампионите, каде што италијанскиот гигант сака да „блесне“ во новата сезона.

Самиот Нејмар сака да се врати во Барселона, но ова е малку веројатно поради влошените односи меѓу шампионите на Шпанија и Франција. Поради оваа причина, бразилската ѕвезда разгледува други опции. Се очекува средба меѓу агентот на Нејмар и претставници на Јувентус оваа недела во Кина.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2019 14:03