Искусниот офанзивец Емануел Адебајор заминува од Турција каде што играше за Башакшехир и бара нов клуб, а најзаинтересирани за негов ангажман се англиските екипи.

Како што пишуваа англиските медиуми, за Адебајор се заинтересирани три клуба од Премиер лигата, и тоа Вест хем, Ватфорд и Шефилд јунајтед.

За Адебајор се претпоставува дека ќе ја има улогата на џокер каде и да одлучи да оди, но и на 35-годишна возраст овој фудбалер е неуништив, плус тоа многу добро ја познава Премиер лига, ако се земе предвид дека долги години играл за Арсенал, Манчестер сити, Тотенхем и Кристал палас.

Фудбалерот од Того за својата репрезентација настапил 87 пати, притоа постигнал 32 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2019 10:33