Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, воопшто не е загрижен за презентацијата на неговиот тим за време на претсезонските подготовки.

Вчера тимот од „Мерсисајд“ изгуби 0:3 од Наполи, што е четврти меч по ред, во кој европскиот шампион не успева да победи. Во овие дуели, сепак, Клоп не можеше да користи голем дел од својот тим – Алисон Бекер, Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино. Џердан Шакири и Наби Кита се повредени и исто така се недостапни.

Менаџерот на Ливерпул е убеден дека неговиот тим ќе изгледа сосема поинаку по една недела по започнувањето на сезоната во Англија. Оваа недела „црвените“ излегуваат против Манчестер Сити во натпревар за „Комјунити шилд“, а на 9 август тие го пречекуваат Норвич на стартот на сезоната во Премиер лигата.

– Чудно е да ти недостасуваат шест играчи. Навикнати сме дека за време на подготовките може да загубиме играчи, но оваа година тие дури и не започнаа од почеток, но ќе дојдат неколку дена пред или по сезоната. Но, ние мора да ги подготвиме сите колку што е можно. Мораме да бидеме подготвени да се бориме на 100% за почетокот на сезоната со се што имаме. Добро е што нашите ривали можат да ја анализираат нашата актуелна ситуација и така да мислат дека ќе биде лесно да не победат. Сепак ние ќе изгледаме сосема поинаку следната недела“, прокоментира Клоп.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2019 13:28