Напаѓачот на Јувентус, Мојс Кин, се разбрал со Евертон и може да се пресели во англискиот клуб. „Карамелите“ започна преговори со италијанскиот шампион, а двете страни се блиску до договор. Бараните од Јуве 40 милиони евра не се проблем, но „бјанконерите“ се подготвени да вклучат клаузула за одреден износ за да можат да го вратат играчот, што го забавува договорот.
Деветнаесет-годишниот Кин е еден од најголемите таленти во Италија. Минатата сезона тој постигна 6 гола во 13 натпревари во Серија „А“. Напаѓачот исто така дебитираше за италијанската репрезентација, постигнувајќи два погодока во првите три натпревари. Квалитетот на играчот е причина Јувентус да сака варијанта да може да го врати, но Англичаните не сакаат договорот да има таква клаузула.
Италијанците имаат желба да го намалат составот и да соберат пари од продажби, откако веќе дадоа над 100 милиони за привлекување на Матаис Де Лихт, Лука Пелегрини и Мерих Демирал, а потпишаа скапи договори и со слободните агенти Арон Ремзи и Адриен Рабио.
Кин, Гонзало Игуаин, Марио Манџукиќ, Сами Кедира и Блеиз Матуиди се на пазарот, а Јуве е подготвен да се раздели и со Пауло Дибала при добра понуда. Досега, „бјанконерите“ не можат да најдат купувач за Игуаан и Манџукиќ. Тие се подготвени да ги искористат приходите од продажби за да привлечат нов напаѓач, а една од нивните главни цели е Мауро Икарди од Интер.