Напаѓачот на Севилја Висам Бен Једер одбил примамлива понуда од кинески клуб, поради едноставна причина – сака да игра во европските великани.

Францускиот „Л’Екип“ објави дека претставници на Манчестер јунајтед и ПСЖ го контактирале агентот на Севилја, со намера Бен Једер да го донесат во своите редови.

Тоа е и причината, според истиот извор, што 28 годишниот Французин ја отфрлил импресивната понуда на кинескиот клуб Пекинг Синобо Гуоан, кој му нудеше месечна плата од милион евра.

– Сонувам да играм на највисоко ниво, во најголемите клубови во светот и да бидам покрај играчи од светска класа, образложи Бен Једер.

Бен Једер имаше одлична сезона зад него во Севилја, постигнувајќи 30 гола од 51 натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2019 10:20