Претседателот на Реал (Мадрид), Флорентино Перез, го објасни своето присуство на доделувањето на наградата „Легенда“ на мадридското издание „Марка“ за поранешниот фудбалер на клубот, Кристијано Роналдо.

Португалецот, кој се пресели во Јувентус минатото лето, додаде нова престижна награда во својата богата колекција.

Присутните на церемонијата беа импресионирани од топлиот однос што го манифестираа Роналдо и Перез и се слушаа скандирања од публиката, кои го повикуваа Перез да го врати на „Бернабеу“.

– Не можев да пропуштам ваков настан. Јас сум фан на Кристијано Роналдо. Тој ќе ни недостасува до крајот на животот, рече шефот на „белиот балет“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2019 12:16