Светската фудбалска легенда, Диего Марадона беше подложен на операција на десната нога. Поранешниот играч сподели видео со кое се гледа како се движи во болница во Буенос Аирес, но со завој.

Диего Марадона сè уште има потреба од помош од други луѓе за да оди, но сепак напиша дека оди „како што не го сторил тоа во последниве 15 години“.

– Благодарние на мојот хирург кој се грижи за мене во болницата и на Бога, напиша поранешниот фудбалер.

Педесет и осум годишниот Диего Марадона боледува од артроза, поради што беше неопходна интервенција на медицински професионалци. Тој самиот јасно стави до знаење дека по закрепнувањето ќе се врати во тренерската професија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2019 12:47