Рома е сериозна во намерата да го доведе аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин во италијанската метропола.

„Волчицата“ веќе долго време се интересира за Игуаин, дури и му достави понуда, која тој ја одби, но изгледа римјаните не се откажуваат од својата намера да го имаат овој напаѓач во нивните редови така што доставија нова понуда, овој пат вредна 36 милиони евра, како и договор за годишна плата од пет милиони евра.

Аргентинец со сите сили се обидува да избори минутажа во Јувентус, па дури и постигна гол на подготвителниот натпревар, но, сепак, не успеа да ги одврати челниците на клубот од намерата да се ослободат од него.

Според италијанските медиуми доколку овој трансфер се оствари, тогаш се отвора патот за Един Џеко за трансфер од Рома во Интер, повикувајќи се на челниците на Рома, кои изјавуваа дека Босанецот нема да биде продаден се додека не најдат соодветна замена за него.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 02:29