Дивок Ориги од Ливерпул преговорал со турскиот прволигаш Ризеспор за едногодишно позајмување во Турција.

Според турскиот новинар на „Милијет“, Алихан Телатар, прворангираниот Ризеспор преговарал за личните услови со Ориги, но сега тој треба да се договори со Ливерпул на едногодишна позајмица.

Ливерпул се уште не се огласи со соопштение за овие наводи, дотолку повеќе што Ориги постигна осум гола на 22 натпревари минатата сезона.

Ориги постигна важни погодоци за „црвените“ во Лигата на шампионите на патот до титулата минатата сезона, на крајот на краиштата тој беше херој против Барселона во полуфиналето, а сега можеше да го напушти „Енфилд“.

Белгиецот немаше место во тимот на Јирген Клоп, па затоа измиантите сезони играше на позајмица во Лил и Волфсбург, но по клучните голови,, постигнати последнава сезона, постои можност Германецот да го задржи во тимот и да му даде поголема минутажа.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 02:51