Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баји, ќе ја пропушти првата половина од сезоната поради операција на коленото, соопшти менаџерот на тмот, Оле Гунар Солксјер.

Дваесет и пет-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, се повреди при победата од 2:1 над Тотенхем во натпревар од Интернационалниот куп на шампиони на 25 јули во Шангај.

– Тој се оперираше и ќе ги пропушти следните 4-5 месеци. Се надевам дека ќе биде подготвен да се врати на теренот околу Божиќ, рече Солскјер.

Манчестер јунајтед ќе го одигра својот последен натпревар од Интернационалниот куп на шампиони во сабота против Милан во Кардиф, а на 11 август ќе ја започне сезоната во Премиер лигата со домашен меч против Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 11:46