Тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино тврди дека тој не е одговорен за трансферите на клубот и повика на промена на името на неговата позиција од менаџер во тренер.

– Можеби клубот сега треба да го смени името на мојата позиција, затоа што во моментот моја работа е да го тренирам тимот. Прашањето за трансферите не треба да биде упатено кон мене. Ова е прашање за клубот и можеби од таму ќе го сменат името на моето работно место. Јас не сум одговорен за тоа. Не знам ништо за ситуацијата на моите играчи. Само ги тренирам, обидувајќи се да го извлечам најдоброто од нив. Дали нешто ќе се случи или не – продажба или купување играчи, продолжување или не на договори – не е во мои раце, туку кај клубот и Даниел Леви. Во моментов јас само го водам тимот на најдобар можен начин, изјави Почетино по победата од 1:0 над Реал Мадрид на „Ауди Купот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 13:16