Соиграчот на Лерој Сане во германската репрезентација, Џошуа Кимих смета дека сите коментари и шпекулации за трансферот на крилото на Манчестер Сити во Баерн Минхен се само празни муабети.

Мултифункционалниот фудбалер на Баварците, кој беше наметнат во првиот состав на клубот од Пеп Гвардиола, го коментираше потенцијалното пристигнување на Сане на „Алијанц Арена“.

– Да сакаше Лерој, тој веќе ќе беше тука“, рече Кимих, цитиран од германското издание на „Скај Спорт“.

Шампионите во Бундеслигата се предмет на постојани критики од почетокот на летото. Причината е недостаток на трансфер активност поврзана со големи имиња, што би го зголемило нивото на конкуренција во составот на Нико Ковач.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 13:19