Подготвуваната размена помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед за Пауло Дибала и Ромелу Лукаку не е толку сигурна затоа што преговорите со Аргентинецот за неговата плата не се одвиваат непречено. Според „Сан“, напаѓачот на Јуве бара 10 милиони фунти, а она што го нудат од „Олд Трафорд“ значително се разликува.
Таблоидот тврди дека бидејќи Јунајтед не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, платите на сите играчи се намалени за 25% секоја од нив. Сепак, Дибала не сакал да го прифати ова како изговор и сакал да добие висока плата.
Навивачите исто така забележаа дека Дибала „лајкнал“ објава на Инстаграм со која го покануваат да остане во Јувентус и да стане легенда на клубот.
Според други медиуми, Англичаните го проценуваат Лукаку на повеќе – 80 милиони евра наспроти 70 милиони за Дибала, поради што се шпекулира дека водоговорот е вклучен и Марио Манџукиќ.