Арсенал веќе го обезбеди Никола Пепе, но топџиите не се откажуваат од нивната намера во своите редови да го видат и Армел Заха од Кристал Палас.

Арсенал веќе испрати две понуди за Заха, но изгледа ниту една не е доволно добра за челниците на Кристал Палас.

Самиот Заха за медиумите изјави дека сака да остане во Лондон и да потпише договор со клубот за кој навива уште од детството, поточно за Арсенал.

Англиските медиуми најавуваат дека следните денови Арсенал ќе потпише петгодишен договор со Пепе, а веднаш потоа ќе испрати уште една последна понуда до Кристал Палас во врска со Заха.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2019 15:48