Градските власти во Рим се борат со напливот од туристи, кои макар што им носат значителна сума пари, претставуваат закана за историските објекти и за запазување на јавниот ред. Поради тоа, донесени се низа нови мерки на ограничување.

Така, на американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс нема да им биде дозволена изградба на ресторан во близина на бањите Каракала.

– Веќе го изразив своето несогласување за градење ресторан на Мекдоналдс во археолошката зона Каракала терме. Ве информирам дека Министерството за култура им ја поништи дозволата, напиша министерот за култура на Италија, Алберто Бонисоли на официјалната Фејсбук-страница.

Забраната ја потврди и градоначалничката на Рим, Вирџинија Раги.

Во Италија има најмалку 580 ресторани Мекдоналдс. Земјата е четврта по број на такви угостителски објекти во ЕУ, по Германија, Франција и Обединетото Кралство.

Меѓу другите мерки се и забраната за продажба на алкохол меѓу 2:00 и 7:00 часот наутро, како и забрана за околните жители да се облекуваат како римски легионери и да се сликаат со туристи за пари. Оние што ќе бидат ќе бидат фатени да го прекршат тој нов закон, ќе добијат казна од 450 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2019 14:42