Летниот преоден рок е во полн ек, а првите шест екипи во Англија веќе направија неколку трансфери. Манчестер јунајтед се чини дека е најактивниот тим на пазарот откако направи трансфери од Даниел Џејмс и Арон Ван-Бисака, а се повеќе се зборува за реализација на трансферите на Хари Мегваер и Пауло Дибала.

Ливерпул и Тотенхем не се особено агресивни на трансфер пазарот, додека Челзи има забрана за трансфери, но успеа да да го договори Кристијан Пулишиќ во јануари, што е практично нов трансфер за клубот. Арсенал покажа дека е силен играч на пазарот, откако се договори со Николас Пепе, а Манчестер Сити се засили со шпанскиот играч од средниот ред Родри.

И додека големите тимови во Англија сè уште не потрошиле повеќе од 60-70 милиони фунти, повратник во Премиер лигата веќе потроши неверојатни 132,5 милиони фунти, што е еднакво на скоро 145 милиони евра. Станува збор за екипата на Астон Вила, која успеа да си освои место во елитата на Англија минатата сезона и ќе бара што е можно повисок пласман во Премиер лигата.

Тимот, предводен од менаџерот Дин Смит и неговиот помошник и легендата на Челзи, Џон Тери, привлекоа дури 12 играчи, што е практично нов тим. Имиња како Даглас Луис од Манчестер Сити, холандскиот крилен играч Анвар Ел Гази, Диого Жота и рекордната аквизиција – Весли Мораеш, се привлечени во тимот.

Интересно е дека најскапиот трансфер во тимот вреди 22,5 милиони фунти.

Еве го целосниот список на играчи на Астон Вила, кои пристигнаа ова лето: Жота (4 милиони фунти), Ел Гази (8 милиони фунти), Хаус (3 милиони фунти), Весли Мораеш (22,5 милиони фунти) ), Таргет (14 милиони фунти), Мингс (20 милиони фунти), Конса (12 милиони фунти), Енџелс (7 милиони фунти), Трезеге (8 милиони фунти), Луис (15 милиони фунти), Хитон (8 милиони фунти), Накамба (11 милиони фунти).



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2019 15:32