Напаѓачот на Рома, Патрик Шик е близу до трансфер во Борусија Дортмунд, пренесува „Кориере дело Спорт“. Германскиот тим веќе подолг период го следи чешкиот напаѓач, и се чини дека ќе може да го донесе во „Сигнал Идуна“ парк.

Според последните информации, двата клуба постигнале принципиелен договор за трансфер на Шик, а во моментов ги прецизираат најновите детали за договорот. Речиси сигурно ќе биде постојан трансфер, а не заем, бидејќи Рома не е во просперитетна финансиска состојба и сака да ја наполни својата каса.

Шик дојде во Рома од Сампдорија во 2017 година. Во текот на последните две сезони со „волците“, сепак, тој не успеа да го достигне својот целосен потенцијал, со само 5 голови на 55 одиграни натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2019 12:39