Вчера стана јасно дека Манчестер Јунајтед и Лестер се договориле за трансферот на централниот дефанзивец Хари Мегваер.

Англискиот репрезентативец ќе се пресели на „Олд Трафорд“ со рекорден договор вреден 80 милиони фунти. Така, Мегваер ќе стане најскапиот одбранбен играч во историјата.

Досега, тоа беше дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој „црвените“ го купија за 75 милиони фунти.

Вчера, медиумите на Островот ја открија и платата што Мегваер ќе ја добие во Манчестер. Сепак, забележително е дека тој нема да биде еден од најскапите играчи под раководство Оле Гунар Солскјер.

Дефанзивецот ќе собере 5 милиони фунти годишно, што е околу 95.000 фунти неделно.

Трансферот на Мегваер во Манчестер Јунајтед се очекува да стапи на сила денес откако фудбалерот ќе ги помине задолжителните медицински тестови.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2019 10:55