Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ се доближува до трансфер во Манчестер Јунајтед. 33-годишникот Хрват првично се очекуваше да биде искористен како дел од договорот за привлекување на Ромелу Лукаку и да пристигне на „Олд Трафорд“ во комплет со Пауло Дибала.

Сега, сепак, најновите информации се дека двата клуба подготвуваат посебен договор за репрезентативецот на Хрватска.

Според „Тутоспорт“, Манчестер Јунајтед е подготвен да плати помеѓу 10 и 15 милиони евра за правата на Манџукиќ. Тој неодамна потпиша нов договор со Јувентус до 2021 година, но се чини дека не се вклопува во плановите на новиот ментор Маурицио Сари, кој е подготвен да се раздели со него за скромна сума.

Во моментов, Хрватот добива 5,5 милиони евра сезона, а Јунајтед е подготвен да понуди благ пораст на 6 милиони евра сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2019 10:58