Играчот од средниот ред на Интер, Ража Наинголан потврди дека ќе се врати во Каљари. 31-годишниот играч од средниот ред беше испратен од „нероазурите“ и се очекува да биде ослободен без пари или за мал износ.

– Тоа беше изборот на моето срце. Се надевам дека ќе го кренам Каљари на нозе. Среќен сум што сум дома. Донесов одлука што бев принуден да ја направам, но добро е. Јас веќе имам други приоритети. Сега сакам да играм повторно и да му покажам на Интер дека направи грешка со тоа што ме натера да си одам, изјави Нинџа кога синоќа пристигна во Сардинија.

Наинголан помина четири сезони во Каљари помеѓу 2010 и 2014 година.

Сега тој е навистина принуден да го облече дресот на тимот, затоа што неговата сопруга, на која неодамна и беше дијагностициран карцином, живее таму.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2019 14:17