Шпанското издание „Спорт“ сензационално објави дека Арсенал ќе се обиде да ја ангажира бразилската sвезда на Барселона, Филипе Кутињо.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул вложува максимални напори да го напушти „Камп Ноу“, откако неговиот престој не се разви на најдобар можен начин за него.

Бразилецот пристигна во Шпанија со трансфер вреден 142 милиони фунти во јануари 2018 година, но не успеа да ги исполни високите кон него очекувања.

Арсенал во недела гостува на Барселона во натпревар за трофејот „Жоан Гампер“, а според шпекулациите ќе се водат разговори меѓу двата клуба.

Весникот „Спорт“ тврди дека од Барселона се склони за договор за изнајмување.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2019 16:16