Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр беше прилично задоволен од победата во мечот за германскиот Суперкуп. По шести пат, наградата влегува во клупските витрини на „жолто-црните“ кои синоќа го победија Баерн Минхен со 2:0 на „Сигнал Идуна парк“.

Џејден Саннчо беше главна атракција на вечерта, откако најпрво асистираше за голот на Пако Алкасер, а потоа комплетираше прекрасен контранапад сам, оставајќи го лице в лице со Мануел Нојер.

Што се однесува до Фавр, тој ги забележа главните позитиви во презентацијата на неговиот тим, што намерно му овозможил на Баерн да игра повеќе со топката.

– Навистина сакавме да победиме на овој натпревар. За нас беше многу тешко. Баерн играше напорно и ја држеше топката долги периоди. Сепак, знаевме како да го изградиме контранапад против нив. Се справивме навистина добро со оваа задача, прокоментира Фавр.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2019 11:47