Евертон официјално го привлече напаѓачот на Јувентус, Моис Кин во своите редови. Тој потпиша петгодишен договор со „карамелите“, а во касата на Торино од оваа зделка ќе влезат 27,5 милиони евра плус бонуси од уште 2,5 милиони евра.

– Ова е клуб што гледа кон иднината и јас исто така гледам напред со него, беа првите зборови на 19-годишниот италијански репрезентативец за клупската телевизија.

Иако во договорот нема опција за откуп, сепак при добар настап на талентираниот спортист, од Евертон ги увериле во Јувентус дека ќе имаат предност доколку тимот сака да го продаде стрелецот во иднина.

Минатата сезона во Серија „А“, талентот зеде учество во 13 натпревари и постигна 6 гола за гигантот од Торино.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 10:13