Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски ќе го носи дресот на Мајорка, пишуваат во Италија.

Поранешниот играч на Палермо ги договорил сите детали со новиот член на шпанската елита, откако ќе заработува 650.000 евра по сезона. Договорот е со важност до 2021 година. Oткупната клаузула ќе биде 45 милиони евра.

Доколку се реализира овој трансфер, тогаш Трајковски ќе биде вториот Македонец во Примера, по Енис Барди кој настапува за Леванте.

Освен за Палермо, Трајковски ги бранеше и боите на Зулте Варегем и Мехелен во Белгија, како и Интер Запрешиќ во Хрватска.

За македонската фудбалска репрепрезентацијата има одирано 49 мечеви со постигнати 15 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 10:19