Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде посакува да го освои трофејот во Шпанскиот фудбалски шампионат пред истекот на сезо0ната слично како минатото првенство.

Сезоната 2018/19 година Барселона уште во април ја обезбеди титулата.

– Барселона е секогаш под притисок да ги освои сите можни трофеи. Би сакал исто како и минатата сезона уште во април да ја прославиме шампионската титула во Шпанија, а потоа да се фокусираме на останатите предизвици, истакна Валверде.

Во новото првенство каталонскиот клуб на 16 август на гости против Атлетик Билбао ќе го има својот премиерен настап.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 16:20