Германскиот репрезентативец Лерој Сане, по три години поминати во Манчестер сити, по се изгледа се враќа во Бундеслигата, поточно во Баерн Минхен.
Сане за 110 милиони ќе стане новиот член на Баерн, а воедно тоа значи дека таа зделка ќе претставува рекорден трансфер во Бундеслигата.
Сити ќе заработи 110 милиони евра, а играчот ќе биде најплатен во историјата на Бундеслигата со бруто годишна плата од 18 милиони евра.
Инаку, вториот најплатен играч во Бундеслигата е Роберт Левандовски кој заработува 16 милиони еври.