Искусниот англиски напаѓач Вејн Руни ќе се врати во Англија на почетокот на 2020 година.

Руни денеска договори соработка со Дербу Каунти кој се натпреварува во англиското првенство, со кого потпиша договор до летото 2021 година со опција за продолжување на уште една сезона.

Поранешниот напаѓач на Јунајтед ќе му се приклучи на Дерби во јануари следната година во улога на играч-тренер. На тој начин, Руни полека ќе влезе во тренерскиот свет, со цел да се подготви за можна тренерска по завршувањето на фудбалската кариера.

Руни во моментов е член на Ди-Си Јунајтед, но одлучи дека по завршувањето на сезоната во МЛС ќе ги напушти САД и ќе се врати во Англија. Оваа сезона во МЛС одигра 23 натпревари, а постигна 11 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 10:40