Поранешниот напаѓач на уругвајската фудбалска репрезентација Диего Форлан, објави дека се повлекува од професионалниот фудбал.

Последниот тим за кој настапуваше Форлан, беше Хонг Конг Китчи.

-Не беше лесно да се донесе оваа одлука, но сите знаат дека еден ден ќе треба да престанат да играат фудбал професионално. Неодамна добив понуда, но секогаш бев селективен. Имав други приоритети и знаев дека се ближи крајот на мојата кариера, изјави 40-годишниот фудбалер.

Форлан најави одржување проштален натпревар во Уругвај.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 11:32