Бундеслигашот Шалке соопшти дека претседателот на клубот, Клеменс Тенис, е суспендиран од работа три месеци. Ова е сторено по скандалозната изјава на 63-годишниот функционер.

Тој пред неколку дена рече дека наместо да се зголемуваат даноци за заштита на животната средина во Африка, треба да се градат повеќе електрани за да може локалното население да престане да ги сече дрвјата и да не прави деца во мрак.

Оваа изјава се сметаше за расистичка.

По состанокот на управниот одбор на Шалке, беше решено да се суспендира Тенис од работа. Тој веќе се извини за несоодветните зборови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 12:32