Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, изјави дека нема да оди во Рома, дури и ако предлог од римјаните одговара на миланскиот клуб.

Според „Кориере дело Спорт“, Икарди е подготвен да ги разгледа понудите на другите клубови, но само доколку тие играат во ЛШ.

Рома не избори учество во елитното натпреварување, па покажаниот интерес за Аргентинецот тешко дека ќе даде резултати.

За потсетување, Интер сака да најде нов клуб за Икарди и да го продаде профитабилно. Во Италија, Наполи и Јувентус имаат најголеми шанси да го добијат напаѓачот. За него беше заинтересиран и Манчестер јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 14:36