Фудбалерот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грлиш по денешниот пораз на тимот од Бирмингем од Тотенхем (3:1) постави анти-рекорд.

Имено, Грлиш го доживеа 19. последователен пораз во англиската Премиер лига.

Неуспешната серија на 23-годишниот Англичанец продолжува од сезоната 2014/15, во која беше поразен во двата последни натпревари од таа сезона.

Во сезоната 2015/16 година, Грилиш одигра 16 натпревари во Премиер лигата, губејќи ги сите, а во следните три сезони Астон Вила не беше дел од најсилната англиска лига, за оваа сезона повторно да се врати меѓу најдобрите екипи на островот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2019 09:44