Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше задоволен од играта на неговиот тим во натпреварот од 1. коло во англискиот шампионат со Челзи. Тој како клучен сегмент за победата го смета второто полувреме.

- Одигравме извонредно второ полувреме. Во одбрана бевме добри и успешни во противнападите. Момците работеа напорно и беа наградени. Имавме и среќа. Двојниот стрелец Рашфорд имаше клучна улога во нападот. Тој донесе совршенство. Ова е играта што ја очекуваме од него, истакна Рашфорд.

Манчестер јунајтед забележа победа над Челзи со 4:0 во дербито на стартното премиерлигашко коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2019 11:14