Тренерот на Челси, Френк Лампард, вчера го забележа еден од највисоките порази, откако загуби од Манчестер Јунајтед со 4-0 во дуел од 1. коло од Премиер лига.
Ова е највисок пораз на клубот предводен од тренер дебитант, по оној во 1978 година. Тогаш Челси предводен од дебитантот на клупата на „сините“ Дани Бланчфлауер, загуби од Мидлсборо со резултат 2-7.
Лампард на клупата на Челси дојде ова лето. Претходно тој го водеше Дерби.