Тренерот на Олимпик Марсеј, Андре Вилаш-Боаш смета дека напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар можеше да стигне до признанието Златната топка и да биде подобар од Роналдо и Меси.
Според експертот, Бразилецот тешко дека ќе може да се врати на нивото што го покажуваше кога беше член на Барселона пред да се пресели во Париз.
- За мене, Нејмар беше играч кој можеше да ги победи Кристијано Роналдо и Меси во борбата за Златната топка. Не верувам дека може да ги врати тие карактеристики што ги демонстрираше во Барселона, изјави Вилаш-Боаш.
Нејмар во последните две сезони често се соочува со повреди и бележи пад на формата. Се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи за него се заинтересирани Барселона и реал Мадрид, но останува да се види дали некој од двата шпански великана ќе постигне договор со ПСЖ и Бразилецот.