УЕФА ги објави имињата на тројцата кандидати за Играч на годината за сезоната 2018/2019. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 29 август во Монако.

Жири од 80 тренери на екипи кои учествуваа во групната фаза од Лигата на шампиони и Лига Европа минатата година, како и 55 новинари, ги избраа тројцата играчи кои ќе се натпреваруваат за индивидуалната награда.

Победникот ќе биде определен помеѓу Лионел Меси (Аргентина и Барселона), Кристијано Роналдо (Португалија и Јувентус) и Вирџил ван Дајк (Холандија и Ливерпул).

Секој од жирито, составено од тренери и новинари, ги именуваше своите тројца играчи кои имаат добиено пет, три или еден бод соодветно. Врз основа на ова беа определени тројцата фудбалери со најмногу гласови.

Во топ 10 се најдоа и Алисон Бекер (Ливерпул) – 57 поени, Садио Мане (Ливерпул) – 51 поен, Мохамед Салах (Ливерпул) – 49 поени, Матаис де Лихт (Ајакс и Барселона) – 27 поени, Френки де Јонг ( Ајакс и Барселона) 27 поени, Рахим Стерлинг (Манчестер Сити (12 поени).



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2019 15:53