Наполи конечно договори сè за привлекување на мексиканскиот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Ирвинг Лозано, пренесува холандскиот весник „Воетбал интернешнл“.

Според последните информации, двата тима се разбрале за трансферна сума од 42 милиони евра и се очекува фудбалерот да парафира договор со екипата во наредните денови.

Навивачите од Неапол целосно го одобруваат трансферот, бидејќи веруваат дека Ирвинг во голема мерка ќе му помогне на тимот да ја крене својата класа.

Со договорот, како што се очекуваше, Лозано ќе биде најскапиот излезен трансфер за ПСВ Ајндховен во историјата на тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2019 22:12