Италијанскиот напаѓач Марио Балотели, кој во моментов е слободен агент, одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, пишува италијанскиот „Кориере дело Спорт“.

Според весникот, 29-годишниот фудбалер ќе се врати во матичната земја како дел од Бреша. Марио ќе потпише договор за 3 сезони со својот нов клуб. Италијанецот е роден во Палермо, но поголемиот дел од детството го поминал во Бреша.

Според условите на договорот, играчот ќе добие фиксна годишна плата од 1 милион евра, што може да се зголеми на 3 милиони евра по бонуси.

Претходно, имаше извештаи дека Балотели најверојатно ќе се пресели во Фламенго, со што ќе станеше првиот Италијанец во историјата на бразилскиот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2019 22:59