По одигрувањето на реваншите од третото квалификациско коло, познати се двојките за плејофот во Лига Европа.
Во двомеч за место во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа ќе се сретнат:
Судува (Литванија) – Ференцварош (Унгарија) Копенхаген (Данска) – Рига (Летонија) Селтик (Шкотска) – АИК (Шведска) Арарат-Ерменија (Ерменија) – Дуделанж (Луксембург) Лудогорец (Бугарија) – Марибор (Словенија) Линфилд (Северна Ирска) – Карабах (Азербејџан) Слован (Словачка) – ПАОК (Грција) Астана (Казахстан) – БАТЕ (Белорусија) Торино (Италија) – Вулверхемптон (Англија) АЕК (Грција) – Трабзонспор (Турција) Легија Варшава (Полска) – Ренџерс (Шкотска) Феенорд (Холандија) – Хапоел БШ (Израел) Стеауа (Романија) – Виторија Гимараеш (Португалија) Гент (Белгија) – Ријека (Хрватска) ПСВ (Холандија) – Аполон (Кипар) Еспањол (Шпанија) – Зориа (Украина) Партизан (Србија) – Молде (Норвешка) Брага (Португалија) – Спартак (Русија) Малме (Шведска) – Бнеи Јехуда (Израел) Стразбур (Франција) – Ајнтрахт (Германија) АЗ Алкмар (Холандија) – Антверпен (Белгија).
Првите натпревари ќе се играат на 22 август, реваншите седум дена подоцна.