Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, следната сезона ќе ги брани боите не Баерн Минхен. Прес-службата на каталонскиот клуб потврди дека нивниот фудбалер ќе биде отстапен на германскиот шампион за годишна закупнина од 8,5 милиони евра.
Кутињо во Баерн ќе го носи дресот со број 10.
Дваесет и седумгодишниот Бразилец минатата сезона на 54 натпревари за барселона, постигна 11 голови и забележа пет асистенции.