Поранешниот претседател на Сантош, Марсело Тешеира раскажа како во 2006 година успеа да го запре Нејмар да замине во Реал Мадрид.

- Тој се восхитуваше на Реал од тоа време. Му понудивме на неговиот татко еден милион долари да остане во тимот. Лесно се согласи. Сите членови на управата на клубот ме нарекоа луд, но знаев дека Нејмар е посебен. Сантош требаше да го спаси. Беше тешка одлука, но на крајот се покажа дека е вистинската, истакна Тешеира.

Не водевме преговаравме со Реал Мадрид. Сè што правев беше со цел да го задржам во клубот. Во тие денови, односите меѓу Сантош и Реал Мадрид беа затегнати поради трансферот на Робињо. Но, на крајот ги задржавме правата на Нејмар, додаде поранешниот прв човек на бразилскиот клуб.

Подоцна, Нејмар замина во Барселона за официјално 57 милиони евра сума која подоцна се искачила на 86 милиони, а според некои документи Сантош добил 134 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2019 15:59