Вулверхемптон повторно се покажа како несовладлив ривал за Манчестер Јунајтед.

После двата порази на „Молину“ минатата сезона, овој пат „црвените ѓаволи“ стигнаа само до 1:1.

Екипата на Оле Гунар Солскјаер имаше предност во првото полувреме, по што поведе со гол на Марсијал. По паузата домаќините се засилија и израмнија по страотниот удар од Рубен Невеш, кој не му остави шанса на Де Хеа.

Во 64. минута, Пол Погба влезе во шеснаесетникот и беше соборен од Коуди. Судијата досуди пенал, но Погба промаши од белата точка, откако Руи Патрицио го погоди правецот и направи брилијантна одбрана.

По ждрепката, „Волците“ имаат 2 поени,додека Јунајтед се со 4, по победата во првото коло над Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 10:22