Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле ќе отсуства од фудбалските терени најмалку пет недели, објавија Каталонците на официјалната веб-страница на клубот.

На Французинот му беше дијагностицирано оштетување на бутниот мускул.

Ова треба да стави крај на гласините дека Дембеле би можел да се пресели во Пари Сен-Жермен како дел од договор за трансфер на Нејмар во обратен правец.

Договорот на Дембеле со Барселона важи до 2022 година. Минатата сезона, тој исто така имаше здравствени проблеми и не играше редовно.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 11:10