Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не направил никаков обид да го врати Филипе Кутињо, бидејќи клубот веќе ги потрошил парите што ги добил од Барселона и не може да си го дозволи.

Вчера Баерн (Минхен) го претастави Кутињо, кој го изнајми за една година со откупна клаузула од 120 милиони евра.

– Можеби звучи чудно, но не можевме да си го дозволиме. Ние веќе ги потрошивме парите што ги добивме за него. Тој е супер играч и супер момче. Ние тогаш не бевме подготвени да го продадеме, но Барселона нè принуди, така да кажеме, со парите што ги понуди. Тој е фудбалер кој може да промени секој натпревар во позитивна насока. Не е толку добро за Борусија Дортмунд, но неговиот трансфер е одличен за Баерн и Бундеслигата, изјави Клоп.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 17:24