Долгогодишниот играч на Баерн Минхен, Франк Рибери го прифатил предлогот на Фиорентина, пренесе „Скај Спорт Италија“.

Според информациите, 36-годишниот фудбалер треба да помине утре лекарски преглед, по што ќе потпише 2-годишен договор и ќе добие 4 милиони евра за секоја од двете сезони плус уште 500 илјади во бонуси.

Французинот ќе се приклучи на составот како слободен агент, откако ова лето го напушти баварскиот клуб по 12 години на „Алијанц арената“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 21:15