Новиот селектор на Шпанија, Роберт Морено, не смета дека голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, е број еден во земјата.

Според него, тројца голмани рамноправно ќе конкурираат за првиот состав.

– Мојот избор на голманската позиција е Де Геа, Кепа и Пау Лопез. Ми се допаѓа што има конкуренција. Кепа не е пред Де Геа, а ниту еден од нив не е пред Пау. Сакам да стигнам до Евро 2020 со тројца голмани кои се подготвени да се борат за место во составот. Сите играат на високо ниво и меѓу нив има разлики, изјави Морено.

Во квалификациите за Европското првенство 2020, Шпанија по четири кола е лидер во Ф-групата со максимални 12 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2019 14:59